Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рускиот воздухопловен гигант МиГ работи на развивање нова моќна летачка машина, МиГ-41. Тоа ќе нов модел на шестата генерација на познатите борбени авиони, пренесе извршниот директор на компанијата, Илија Тарасенко.
„Не станува збор за митски проект, туку за долгогодишен проект на МиГ, а сега интензивно работиме под капата на УАЦ и наскоро ќе ѝ го претставиме на јавноста“, изјави извршниот директор на МиГ.
МиГ-41 или ПАК-ДП пресретнувачот е авионот кој треба да го наследи на големо докажаниот МиГ-31.
Поранешниот командант на воздухопловните сили и претседател на одборот за одбрана на Сојузот на Федерацијата Виктор Бондарјов кажа дека се очекува експерименталниот развој на авионот да почне годинава.
Испораката на овој борбен пресретнувачки авион на руските оружени сили би требало да почне кон средината на 2020 година. Цената на целокупниот проект засега уште не е познато.