Нема веќе тесни здолништа и високи потпетици: Стјуардерсите од SkyUp ќе носат покомотни костими и удобни патики


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украинскиот авиопревозник SkyUp одлучи да им овозможи на стјуардесите да носат покомотни варијанти на облека со цел да им направи на работното место да се чувствуваат поудобно.

Компанијата ги замени тесните здолништа и високите потпетици со панталони и патики. Костимот исто така е во покомотна варијанта.

Одлуката во компанијата ја донеле откако спровеле истражување кај своите вработени од женски пол и тие признале дека не се чувствуваат најдобро во тесната униформа која го оцртува нивното тело.

Александрина Денишенко, која веќе 7 години работи како стјуардеса, вели дека секогаш сонува за минута одмор по часовите минати на високи потпетици за време на лет.

„Високите потпетици изгледаат убаво, не противречам на тоа, но стапалата страдаат и отекуваат до крајот на летот. Патиките се апсолутно кул“, вели таа.

Старите униформи

„Исто така во случај на несакана ситуација кога авионот треба да слета на вода и да се изврши евакуација, високите потпетици може да ја оштетат гумената скала, а и не е комфорно да се плива во тесно здолнште“, додава таа.

Од компанијата отстранија и други, како што велат, конзервативни елементи во изгледот на стјуардесите, па сега се поопушени и во поглед на фризурите на стјуардесите.

Одговорните на компанијата велат дека и покрај тоа што се гледа „романтично“ на професијата стјуардеса, тоа е професија која бара физички напор и потребно е на стјуардесите да им е комфорно во текот на работното време.

Новата униформа официјално ќе почне да се носи од 22-ри октомври.