Нема веќе бесплатна вода, струја и гас во Туркменистан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Туркменистан предложи ставање крај на бесплатнoто снабдување со вода и електрична енергија на граѓаните во оваа централноазиска земја, што го уживаат од 1993 година.

Јасно е дека системот на социјална помош стана неефикасен, рече Гурбангули Бердимухамедов на владина седница.

Претходно лидерот на Туркменистан Сапармурат Нијазов во 1993 година воведе систем според кој секој граѓанин има право на бесплатни вода, гас и електрична енергија. Првично било предвидено тоа да трае десет години, но потоа беше продолжено до 2030 година.

Сепак, овие придобивки се ограничени до 35 киловати електрична енергија и 50 кубни метри гас по лице месечно, како и 250 литри вода дневно.

Според весникот, Бердимухамедов му наредил на заменик премиерот задолжен за економија да ги оцени предлозите за намалување на социјалните бенефиции, додавајќи дека тоа ќе помогне тие да останат важеќки само за тие на кои  навистина им се потребни.

Бердимухамедов е на власт од 2006 година, а во февруари беше повторно избран за претседател со повеќе од 98 проценти.