Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сите фанови на „Пријатели“ сигурно се сеќаваат на епизодата во која Чендлер и Моника си купуваат куќа во предградието.
Ви гарантираме дека таа куќа сигурно сте ја виделе многу пати претходно во еден друг, еднакво култен и популарен филм посебно за новогодишните празници. Да, станува збор за филмскиот хит „Сам дома“ со Меколи Калкин. Тоа е куќата во која живееше Кевин МекКалистер со своето семејство, истата онаа во која го заборавија за Нова Година и во која ги доживеа сите лудории и опасни авантури со незгодните крадци.
Ако не ни верувате нас, сигурно ќе им верувате на луѓето од 22 Vision кои доказите ви ги поврзаа и срочија во едно кратко видео.
Иако Моника и Чендлер во филмот купија куќа во предградието на Њујорк, а МекКалистер семејството живееше во Чикаго, од 22 Vision тврдат дека истата куќа, всушност, се наоѓа во Винеткa, Илиноис. Наводно разговарале и со сопствениците на куќата, кои ја потврдиле нивната приказна.
„Сам дома“ излезе во 1990 годна, а споменатата епизода од „Пријатели“ во 2004.