
Врската помеѓу Иван Хуљиќ и Јелена Розга веќе подолго време ја интригира јавноста во регионот. Дали е во прашање само гласина или навистина срцето на Јелена Розга го освоил синот на Тончи Хуљиќ, досега не беше потврдено. Но, сега сè е јасно како ден.
Имено, по концертот во Сава центар, Петар Грашо за домашните медиуми откри дека врската помеѓу Иван Хуљиќ и Јелена Розга е навистина силна емотивна врска.
– Тончи баш нема среќа. Не сакаше неговите деца да се занимаваат со музика, а двајцата завршија како музичари. Прво доби зет музичар, а сега и снаа музичарка. Тоа што Тончи сака, изгледа никогаш нема да се оствари – изјави Петар.
Со оваа изјава, иако ненамерно, Петар, според мислењето на многумина, ја потврди веста за врската на Иван и Јелена, со која тој долги години има искрено пријателство полно со поддршка. Се чини дека тој и Јелена заедно со семејството Хуљиќ формираат една голема, среќна фамилија.
Јелена некогаш зборуваше за нивниот однос во медиумите:
– Се познаваме веќе 28 години, големи сме пријатели, но она што многумина не го знаат е дека сè уште си се обраќаме со почит – изјави Розга, па објасни на еден пример:
– Никому во друштвото не му е јасно зошто го правиме тоа, но за нас тоа е симпатична шега која не потсетува на сè што сме поминале заедно низ овие 28 години – заклучи таа.