Нема потреба повеќе од грижа на совест: Овие 9 факти докажуваат дека ЧОКОЛАДОТО позитивно влијае на нашето здравје!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чоколадото секаде во светот е познато како слатко задоволство и масовно се употребува. Составен дел од многу колачи, пецива и напитоци.

Ви носиме преглед од 9 предности кои ги нуди ова слатко задоволство.

Го намалува ризикот од срцев удар

Едно шведско истражување на крајот на минатата година покажа дека жените кои јадат повеќе од 45 грама чоколадо седмично имаат 20% помали шанси за срцев удар од оние кои не јадат чоколадо.

Ја засилува работата на срцето

Секојдневното јадење на чоколадо го намалува крвниот притисок, холестеролот и ги намалува шансите од заболување од кардиоваскуларни болести.

Заситува

Темното чоколадо во текот на денот е многу поздраво од сендвич ако немате време за квалитетен ручек.

Помага во борбата против дијабетисот

Неодамна италијанско истражување покажа дека луѓето кои постојано јадат чоколадо ја зголемуваат чувствителноста на организмот на инсулин и со тоа го намалуваат ризикот од дијабетис.

Ја заштитува кожата

Темното чоколадо содржува антиоксиданс под назив флавоноид кој нуди еден вид заштита од УВ зрачење.

Ја сопира кашлицата

Ако не можете да престанете да кашлате, земете коцка чоколадо. Состојката во чоколадото која се вика теобромин ја намалува активноста на нервите вагус во делот на мозокот заслужни за сопирање на кашлицата.

Го подобрува расположението

Љубителите на чоколадото под помал стрес се од останатите, а едно американско истражување од 2010. година зборува дека имаат многу помали шанси да заболат од депресија.

Ја оддржува концентрацијата

Состојката флавонид во чоколадото ги прави побудни луѓето, па имаат повеќе концентрација за своите дневни задачи.

Чоколадото го подобрува видот

Познато е дека чоколадото ја подобрува крвната слика, а неодамнешно американско истражување покажа дека многу добро делува на внатрешната обвивка на окото која содржи видни станици.