Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Паоло Полидори е заменик градоначалник на италијанскиот град Трст кој во моментов е една од најомразените личности во Италија поради неговиот срамен и бесчувствителен гест кој го направил кон еден трстенски бездомник.
Полидори, на зимските студови кои ја тресат Европа, му ја зел облеката и прекривките на еден бездомник во Трст и му ги фрлил во канта, поради што наиде на жестоки негативни критики и реакци од страна на граѓаните.
По гестот на локалниот функционер Паоло Полидори, жителите на италијанскиот град Трст масовно излегоа и на бездомниците им донираа прекривки и облека. Полидари дури и се пофали на социјалните мрежи дека го избркал бездомникот и тоа го направил „со задоволство”.
Trieste, vicesindaco leghista butta le coperte a un clochard: cittadini gliele riportano. “La città ti chiede scusa” https://t.co/FLmcqYtzo2 via @fattoquotidiano
— Diego D’Amelio (@_damelio_) January 6, 2019
Жителите на Трст му се извинија на овој и на сите други бездомници за гестот на десничарскиот функционер, кој се правдаше дека бездомникот бил Романец , кому му било наредено да го напушти Трст.
„Мојата објава на Фејсбук е злоупотребена, јас не сум расист” , напиша Полидори , кој немаше одговор зошто на студот му ги фрлил во ѓубре прекривките и облеката на бездомникот.