Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Град Скопје информираат дека договорот за изнајмување принтери со „Интек системи“ е спогодбено раскинат поради тоа што парите се потрошени пред истекот на рокот на важноста на договорот. „Интек системи“ денеска од општинските простории си ги зела принтерите.
– Град Скопје поседува печатарска опрема во своја сопственост која активно се користи од администрацијата. Од друга страна, постои договор за изнајмено печатење за поголеми количини материјал за кој поради недомаќинското работење на претходното рaководство во јавната набавка склучена во 2019 година, се исплаќани повисоки средства во вредност од 30% од проценетата врeдност – ни одговорија од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека новата јавна набавка за таков тип на печатачи е во завршна фаза.
Екипи од фирмата „Интек системи“ со која во октомври 2019 беше склучен договор за тригодишно изнајмување на 31 принтер и нивно одржување, денеска од бараките на Градот ги зедоа принтерите и ги натоварија во камион.