Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Опозициските пратеници кои ја блокираат салата на полскиот Сејм (парламентот), ќе останат во објектот до 11-ти јануари, изјави ноќта во неделата челникот на најголемата опозициска партија Граѓанска платформа (РО), Гжегож Шетина.
Пратеникот на Граѓанска платформа, Цезар Томчик, кој се наоѓа во Сејмот, изјавил дека обезбедувањето ги информирало опозициските пратеници за незаконското престојување во зградата на парламентот на Полска. Според документот кој го претставило обезбедувањето, надвор од термините во кои се одржуваат заседанијата во пленарната сала на парламентот може да се најдат само службениците во парламентот, а не и пратениците.
Ние нема да излеземе од салата за седници во парламентот, пратениците на Граѓанска платформа ќе бидат таму до 11-ти јануари, а можеби и подолго. Не постои можност пратениците да бидат отстранети од зградата на парламентот, изјави челникот на опозицијата Гжегож Шетина, кого го цитира интернет изданието на весникот Rzeczpospolita.
Полската опозиција од петокот попладнето ја блокира работата на Сејмот. Причина за тоа е намерата на парламентарното мнозинство од 2017 година да ја ограничи работата на новинарите во долниот дом на парламентот, како и одлука на спикерот Марек Кухчински да отстрани еден од пратениците од седницата. И покрај тоа, парламентот продолжи да работи, и седницата ја одржа во друга сала, донесувајќи редица закони, меѓу другите и за буџетот за следната 2017 година, а опозицијата го смета за нелегитимно тоа гласање.
Претходно беше објавено дека опозициските пратеници имаат намера да останат во зградата на парламентот до 20-ти декември, кога треба да се одржи заседанието на Сенатот, горниот дом на парламентот и, како што смета опозицијата, повторената седница и гласањето во Сејмот.
Од своја страна Сејмот инсистира на законитоста на гласањето на мнозинството, а владејачката партија Правда и справедливост (PiS) не гледа причини за повторување на седмицата. На нејзиното одржување во текот на средата со полскиот претседател Анджеј Дуда во неделата, пак, инсистираа лидерите на сите опозициски партии во парламентот. Според информацијата објавена на интернет страницата на долниот дом на полскиот парламент, следното заседание е планирано за 11-ти јануари 2017 година.