Нема ново чудо: Јувентус на ниво на предизвикот – Барса остана без полуфинале


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус им се придружија на мадридските тимови Реал и Атлетико во полуфиналето, во Лигата на шампионите.

Барселона на „Ноу Камп“ не успеа да приреди уште едно чудо, а Јувентус покажа дека не е ПСЖ. Италијанскиот шампион по победата од 3:0 во првиот меч, во реваншот одигра 0:0 и барем малку успеа да им се одмазди на Каталонците за поразот во финалето во 2015 година.

Домаќините ја контролираа играта во текот на целиот натпревар и се обидуваа да пронајдат решение како да ја пробијат одбраната на италијанците, меѓутоа сепак тимот на Алегри успеа да издржи до крајот.

Искусната дефанзивна линија на Јувентус без поголеми проблеми успеа да се справи во напаѓачкото трио на Барселона (Нејмар, Суарез, Меси).

Најдобрите шанси за гол ги имаше Меси, по една во секое полувреме, но два пати неговите удари завршуваа крај голот на Буфон.

Јувентус не играше класичен бункер, до 75.минута Алегри на теренот имаше четворица напаѓачи. Најдобрите шанси за Јувентус ги пропуштија Игиаун и Квадрадо.