Нема ни третина година поминато, а веќе ја прогласија за најпродавана плоча на 2017


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Плочите во целост не се излезени од мода, а изданието на кое се најде официјалната музика од филмот „Ла ла ленд“ оваа година е убедливо најпопуларно, покажа истражувањето на агенцијата „Нилсен“.

Агенцијата „Нилсен мјузик“ објави список на издадени плочи кои најдобро се продавале во приот квартал од оваа година.

Официјалната музика од „Ла ла ленд“ го зазеде првото место на листата на најпродавани плочи во САД во 2017 година со продадени 25.000 примероци.

На второ место е „Legend“ на Боб Марли, додека на третото место се најде „Back to Black“ на Ејми Вајнхаус со 16.000 продадени примероци. По Вајнхаус следи плочата на Ед Ширан со 15.000 продатдени примероци.

Листа на првите десет најпородавани плочи во САД:

1. Музика од филмот „Ла ла ленд“ (25.000 продадени примероци)

2. Боб Марли и составот „The Wailers“ – Legend (16.000)

3. Ејми Вајнхаус – Back to Black (16.000)

4. Ед Ширан – „-“ (15.000)

5. „Run the Jewels’ – Run the Jewels 3 (14.000)

6. „Килерс“ – Hot Fuss (14.000)

7. “Битлсу“ – Abbey Road (13.000)

8. Брајан Адамс – Prisoner (13.000)

9. „Twenty One Pilots“ – Blurryface (13.000)

10. „The xx“ – I See You (13.000).