Advertisements
Славни

Нема ни 20 години, а веќе поседува 4 луксузни вили „тешки“ десетици милиони долари

Деветнаесетгодишната Кајли Џенер, која се прослави со реалното шоу Keepin’ Up With Kardashians, недоамна ја купи својата четврта вила.

Нејзиниот последен дом се наоѓа во Хиден Хилс во Калифорнија и е изграден во 2015 година. За оваа куќа Кајли платила 12 милиони долари.

Вилата има осум спални соби, 11 бањи, домашно кино, базен, спа центар, просторија за вежбање, соба за масажа и пространа кујна.

Славната стартлета често е на мета на критики на таблоидите поради нејзиното однесување, но најмногу поради извршените неколку пластични операции, иако има само 19 години.

Advertisements
To Top