Advertisements
Спорт

Нема ни 20 години, а веќе 150 настапи за Милан: „Росонерите“ го слават Донарума (видео)

Иако се уште нема наполнето 20 години, Џанлуиџи Донарума синоќа го запиша 150-от настап во дресот на Милан.

Со тоа Донарума влезе меѓу 10-те голмани со најмногу настапи во историјата на миланскиот гигант.

Колку е ова големо постигнување покажува и фактот што ниту легендарниот Паоло Малдини немал 150 настапи за Милан на 19 години.

Поради овој јубилеј, Милан публикуваше видео со 150 одбрани на Донарума, кој несомнено е иднина на „росонерите“ и италијанската репрезентација.

Advertisements

Најпопуларно

To Top