Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако се уште нема наполнето 20 години, Џанлуиџи Донарума синоќа го запиша 150-от настап во дресот на Милан.
Со тоа Донарума влезе меѓу 10-те голмани со најмногу настапи во историјата на миланскиот гигант.
Колку е ова големо постигнување покажува и фактот што ниту легендарниот Паоло Малдини немал 150 настапи за Милан на 19 години.
Поради овој јубилеј, Милан публикуваше видео со 150 одбрани на Донарума, кој несомнено е иднина на „росонерите“ и италијанската репрезентација.