Нема мрежа, нема интернет – атрактивни места за малку поинаков одмор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Какво време е дојдено, луѓето се секојднено потонати со своите глави во екраните од смартфоните, лаптопите и другата технолошка гаџетерија, па сè помалку го креваат погледот за да го видат своето опкружување, природата и нејзините убавини. А и кога ќе ги погледнат, често ги гледаат преку камерите од своите смартфони.

Затоа, препорачливо е, барем кога сте на одмор, колку можете повеќе да ја баталите гаџетеријата и што понепосредно да уживата во автентичниот амбиент. А овие места кои ви ги претставуваме подолу се како измислени за тоа. Вистински рај.

Еве некои прекрасни дестинации за одмор каде ќе бидете приморани на „дигитален детокс“, бидејќи немаат мобилна мрежа.

Хациенда AltaGracia (Перес Зеледон, Костарика)

Оваа хациенда е отворена во 2011 како фамилијарно одморалиште и фарма за кафе. Составена од 50 помалечки куќички кои се луксузно реновирани во 2015, но сè уште го имаат автентичниот изглед.

Куќа во долината на смртта (Бити, Невада)

Oваа куќа од 120 m2 има 3 спални соби и 2 купатила, а се наоѓа на 80 акри површина во пустината Невада. Изолирана од било каква инфраструктура, нуди огромна отворена кујна, скара, дневна соба која може и да е на отворено, како и пространа тераса со топла када/џакузи.

Семејство Морукуру (Јужна Африка)

На 4 часа возење од Јоханесбург се наоѓа оваа сопственост во 75 000 хектари големиот резерват. Преку ден можете да гледате леопарди, лавови, слонови, носорози и стотици различни видови на птици пред да се вратите во една од трите приватни луксузни куќи.

Секоја од нив е со големи тераси, камини, надворешни и внатрешни трпезарии и кади, како и приватни базени за пливање.

Хотел Ремота (Чиле)

Телевизијата и останатата електроника тука ќе ја замените со прекрасни глетки на неверојатните Патагониски пејсажи со фјордови, глечери, шуми и водопади. Хотелот има 72 соби со модерен и елегантен дизајн, како и базен, топли кади, бар и ресторан со локална морска храна и свежи земјоделски производи.

Кабина „дувло на лисици“ (Алјаска)

До оваа куќичка со една соба и купатило возможно е да се пристигне единствно со хеликоптер или брод. Ако имате среќа, од терасата ќе можете да забележите китови како пливаат во заливот.

Blackbird Caye ресорт (Белизе)

Овој идиличен резорт нуди нуркање, возење кајак, риболов, или едноставно релаксирање на некој од многу балкони и лежалки со поглед на Карибското море.