Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со новиот закон кој беше усвоен и веднаш стапи на сила во Ирска, за возење во пијана состојба, секој што ќе биде фатен како вози под дејство на алкохол во крвта со количина над дозволената, на лице место ја губи возачката дозвола.
Сите пијани возачи веднаш ќе ја изгубат возачката дозвола на период од три месеци. Исфрлањето на пијаните возачи од сообраќајот ќе се случи на лице место, веднаш штом полицијата утврди недозволена количина на алкохол во крвта.
До пред донесување на овој закон, Ирска имаше систем на казнени поени, но поради големиот број несреќи предизвикани од возачите, земјата се одлучи за построг закон.
-Неодговорно е и опасно во секојдневниот живот луѓето да пијат, а потоа да седнат зад воланот. Целосно е погрешно овие луѓе да бидат казнети со благи казни и да добијат казнени поени, па затоа во иднина луѓето кои ќе се однесуваат на ваков начин, автоматски ќе бидат исфрлени од сообраќајот на период од три месеци – изјави Рос.