Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пратениците се на кратка пауза, откако по предлог на пратеникот Крсто Мукоски, претседавачот со седницата, Трајко Вељаноски, ги повика на десетминутна средба претставниците на политичките партии, во обид да се внесе конструктивност во собраниската сала.
Инаку, албанската платформа и денеска е главната тема на расправата меѓу пратениците. И покрај бројните координации меѓу пратениците, засега не се гледа крајот на дискусиите, репликите, контрарепликите и процедуралните забелешки.
Пратениците на ВМРО ДПНЕ упорно бараат платформата да се отфрли или да се каже што е прифатено и со тоа да се излезе на избори. Наспроти нив, пратениците на СДСМ и ДУИ велат дека барањата од платформата немаат никаква врска со загрозување на унитарноста на државата и оти унапредувањето на употребата на албанскиот јазик не водело кон федерализација на државата.