Нема крај на несреќата за Грција: После катастрофата од пожарите, ја погодија два земјотреси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите кои ги изнесе грчката новинска агенција АНА, два земјотреси со различна јачина го погодија грчкиот остров Самос.

Првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денес го погоди островот Самос, во 10:18 часот по централно европско време.

АНА соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на плажата Маратокампос. Се вели дека земјотресот се почувствувал низ целиот остров.

Претходно друг земјотрес, од 3,3 степени, го погодил островот во 9.44 часот. Епицентарот бил 5 километри западно од Самос, објави грчка Прототема.

Грција сè уште е во шок поради катастрофалните пожари што ги опустошија предградијата на Атина и во кои според најновите информации загинале најмалку 82 лица.