Нема друг кандидат! Чеферин ќе биде реизбран за претседател на УЕФА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на УЕФА Александар Чеферин ќе биде единствен кандидат на изборите за нов претседател кои ќе се одржат во февруари.

УЕФА ги објави номинациите за претседател по истекот на крајниот рок во среда и 51 годишниот Чеферин ќе биде единствен кандидат.

Словенецот на претседателската функција во УЕФА беше избран во 2016 година, кога го победи противкандидатот од Холандија, Ван Праг.

Гласањето за нов претседател на УЕФА ќе се одржи на конгресот на организацијата во Рим на 7 февруари, а потпретседател најверојатно ќе биде Шандор Чанхи.