Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Полицијата во Бразил го затвори случајот против Нејмар за силување на манекенката Наџила Триндаде поради недостаток на докази.
Таа беше гостинка на Нејмар во Париз пред неколку месеци, а сите ги шокира откако изјави дека играчот на ПСЖ ја силувал во хотелската соба.
Наводно, Наџила го молела да престани, но Нејмар одбивал да го направи тоа, дури ја удрил неколку пати.
Според нејзината приказна одлучила веднаш да се врати во Бразил, но немала храброст да зборува за тоа јавно. Таа јавно објави фотографија од нивниот разговор на WhatsApp.
Меѓутоа целио случај тргна наопаку за неа откако поради своите изјави во медиумите остана без адвокат. Исто така, зборуваше дека бразилската полиција е корумпирана поради што доби пријава и повик за на суд.
Му се закануваше на Нејмар дека ќе заврши во затвор, бидејќи ќе објави видео на кое се се гледа, но тоа не се случи. Бразилската полиција започна истрага околу овој случај, но немаа доволно докази и поради тоа полицијата го затвори случајот и Нејмар е ослободен од тужбата за силување.