Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Факт е дека во последниве десетина години спортот стана првенствено бизнис, па потоа она што во својата суштина е – спорт. За жал, тоа е така, му се допаѓало некому или не (лично нам – не).
Во спортскиот свет се вртат тешки милијарди и спортската индустрија е една од најбогатите последниве години, И да, ако мислите дека најбогати спортисти се фудбалерите се лажете, тенисерите котираат многу подобро од што мислите.
Најбогат во светото на „белиот спорт“ е легендарниот тенисер а сега менаџер од Романија, Јон Циријак. Тој е еден од првите Романци која се појавил на листата на милијардери на Форбс. Неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда долари.
Тенисерот со најголем број на Грен слем трофеи, славниот Швајцарец Роџер Федерер е вториот најбогат учесник во светскиот тенис со богатство од 450 милиони долари.
Федерер покрај трофеите заработи и вистинско богатство пред се од спонзорите. Според финансиските стручњаци богатството на Федерер во следните години сигурно двојно или тројно ќе се зголеми.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е трет на оваа листа . Богатсвотот на српскиот тенисер се проценува на 200 милиони долари.
Зад Ѓоковиќ на листата на најбогати во „белиот спорт“ се Марија Шарапова со 195 мил. долари, Рафаел Надал со 180, колку што е проценето богатството и на Серена Вилијамс. Високо котираат и Андре Агаси со 175, Енди Мареј со 165 мил, Пит Сампрас со 150 и Џон Мекинро со 100 милиони долари.