Нема бегање: Знаците да се открие човек кој лаже


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека едни истражувања покажуваат дека момците лажат шест пати во текот на денот, а жените двојно помалку, според други студии припадничките на понежниот пол се далеку повеќе склони на лажење.

И научниците од Велика Британија поставија теза дека дамите лажат почесто, но дека нивните лаги се побанални, бидејќи се трудат да се покажат како поубави или никој да не ги повреди. На листата работи за кои секогаш не изнесуваат вистина се наоѓаат – годините, килограми и главоболка. Од друга страна, момците лажат за да се заштитат од понатамошни прашања и потпрашања од партнерката или да го сочуваат егото во машкото друштво. Експертите велат дека некој е помал, а некој поголем малер во лажењето, но дека сите можат да „паднат“ на неколку ставки:

– Вие му поставувате прашање а тој/таа си игра со косата и одолговлекува со одговорот. Големи се шансите да пробува да ја сокрие вистината.

– Во текот на разговорот ја ститска раката, пука со прстите или грицка нокти. Доколку не престанува со тоа, значи дека нешто „крчка“.

– Ве гледа во очи, но зениците оддеднаш му се собираат. Пораката би можела да биде јасна – нешто се обидува да сокрие.

– На прашањето никако да дојде одговорот. Тоа се вели латентно растројство на времената реакција, бидејќи оној кој лаже мора да вложи напор да смисли лага, за што му е потребно време.

– Во текот на разговорот погледот му лута горе-доле, лево-десно. Тоа е знак дека сака да го помести фокусот на соговорникот, додека не смисли што да каже.

– Разговарате, а потоа неговиот глас оддеднаш станува повисок, што е доволно доколку го познавате, да ви звучи сосема поинаку.

– Не престанувате да го бомбардирате со прашања, а тој се труди да ви одговори, но тие се нејасни и без детали. Пораката е дека недостига барем малку вистина, бидејќи деталите за отсуство на вистината се препознаваат.