Нема бакнување: Двојна ограда помеѓу вљубените на германско-швајцарската гранична линија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На граничната линија помеѓу Швајцарија и Германија, недалеку од езерото Констанца, подигната е и втора ограда на границата меѓу Германија и Швајцарија. Оградата е подигната откако првата ограда не успеа во првичната намера, а тоа е да се спречат прекугранични средби на заљубени во време на коронавирусот.

Портпаролот на германската полиција соопшти дека е подигната уште една ограда од швајцарската страна.

Сега се подигнати две жичани огради и растојанието помеѓу нив е приближно два метри.

Во последните денови, многу парови се запознале на границата и имале физички контакт преку првата привремена ограда. Сега, по кревањето на втората, веќе не е можно да се држат за рака и да се бакнуваат.

Љубовните парови се погодени од строгите владини мерки од обете страни на границата во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Ова значи дека ако едниот од партнерите живее во Германија, а другиот во Швајцарија, заминувањето во странство во моментот не им било дозволено.