Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една од најскапите работи на светот, како во кујната, така и генерално, е оваа печурка која, поради својот врвен квалитет, бескомпромисно држи висока цена.
Неколку бели тартуфи, чија тежина е близу 850 грама, беа продадени на аукција во областа Пиедмонт, на североистокот од Италија за 75.000 евра.
Најмногу понуди бизнисмен од Хонг Конг, кој преку сателитска врска за тартуфите се наддаваше со заинтересиран купувач од Дубаи.
Изабеле Џаниколо од Националниот центар за истражување на тартуфи напомена дека аукциската цена била „симболична“, бидејќи приходите од наддавањето одат во хуманитарни цели, па не била обврзана да ја држи вистинската пазарна цена на тартуфите.
„Ситуацијата е малку подобра, а очигледно е дека ова нема да биде успешна година, бидејќи во продажба нема да има големи примероци од тартуфи, иако и овие помалите се многу квалитетни“, изјави Изабеле.
Минатата година килограм тартуфи можеа да се купат за 3.000-4.000 евра, додека овогодинешната пазарна цена за еден килограм изнесува 6.000 евра.
Белиот тартуф е најскапата и најквалитетна печурка на светот, а сезоната трае од септември до крајот на јануари. Во градот Алба, во Пиедмонт, веќе деведесет години традиционално се организира аукциска продажба на овој вид на печурка.