Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Утрово, на патиштата низ државава сообраќајот се одвива главно по влажни коловози, со присуство на кашаст снег на некои повисоки места во западните делови од државата. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
Поради појава на магла видливоста е намалена од 50м до 100м во Страцин и на планинскиот премин Буково.
Од 07:35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 23:55 часот на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на ТМВ. Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.
На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.