Неколку навики кои ви предизвикуваат подуеност во стомакот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Пуштањето гасови“ е оддувување на вишокот воздух и гас кои се наоѓаат во дигестивниот трактат.

Оваа појава не ја наоѓа својата причина само во храната која ние ја консумираме, туку и во некои секојдневни навики кои ги практикуваме без да знаеме дека истите предизвикуваат подуеност во стомакот.

Еве неколку причини кои гарантирано влијаат во појавата на стомачна подуеност и нелагодност.

1) Често џвакате мастики

Многумина џвакаат мастики помеѓу оброците, но кога тоа се прави се голта и воздух кој знае да ги подуе цревата. Покрај тоа, повеќето мастики содржат шеќерни алкохоли кои предизвикуваат гас и подуеност, а оние кои се без шеќер содржат сорбитол кој исто така предизвикува стомачни проблеми.

2) Јадете многу брзо

Нутриционистите велат дека варењето на храната започнува во устата, а не во желудникот. Кога добро ја џвакаме храната, таа не само што се ситни со што многу полесно се вари, туку и се меша со плунката и специјализирани ензими кои ја разложуваат. Кога јадеме премногу брзо и храната ја голтаме недоџвакана се испушта голем дел од тој процес со што стомакот се оптоварува за да ја свари, што доведува до создавање гас.

3) Често пиење со цевче

Секојпат кога пиете со цевка (на пример утринско смути), пред течноста во организмот прво навлегува воздух.

4) Консумирате храна пребогата со влакна

Растителните влакна помагаат да чувствуваме ситост и да губиме килограми, а промовираат и подобро здравје на срцето. Меѓутоа, пречесто консумирање на храна која ги содржи предизвикува подуеност. Исто така, многу голем дел од спакуваната храна е зајакната со инулин, форма на влакна кои стомакот тешко ги вари.