Неколку илјади посетители уживаа на музиката од Сергеј Четковиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неколку илјади лица присуствуваа на спектакуларниот концерт на Сергеј Четковик вчеравечер, со што и официјално започна големата летна забава „Супер Скопје“.

Кафулињата и просторот на Кеј 13 Ноември беа преполни со љубители на музиката на феноменалниот Четковиќ кои се забавуваше со скопјани до раните утрински часови.


Вечерва на Кеј 13 Ноември „Супер Скопје“ продолжува со концертот на Бајага и Инструктори, а од наредниот викенд забавата продолжува на другите локации.
– 25 и на 26 август во Старата Скопска Чаршија, каде:

• На 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ

• На 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“ каде ќе настапат Оркестра (Orcestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

– На 1 и на 2 септември на улица Македонија, каде:

• На 1 септември (петок) ќе настапат Ди Џеј Дела (DJ Dela), (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева

• На 2 септември (сабота) ќе настапат Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе

– На 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало, каде:

• На 8 септември (петок) ќе настапат Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин

• На 9 септември (сабота) ќе настапат Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар