Неколку финти за препознавање чист природен мед, без додатоци од шеќер хемија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Градските и селски пазари најчесто се проверено место каде сигурно можете да најдете чист и природно добиен мед, без додатен шеќер и други неоргански адитиви, иако и некои индивидуалците медари кои најчесто произведуваат таков мед, почнаа да го мешаат.

Сепак, овие пазари сè уште се проверена работа кога станува збор за медот. А доколку за секој случај сакате да се уверите дали медот е чист или е мешан со други додатоци, еве неколку практични совети

1. Капнете си една капка на раката. Потоа превртете ја раката и видете дали медот ќе ви остане на раката или ќе падне на земјата. Природниот мед секогаш останува на раката.

2. Тријте го медот на кожата околу 30-тина секунди, како да нанесувате крем за раце. Доколку медот се впие во кожата и раката после тоа не ви лепи, значи медот е 100% природен.

3. Ако превртите шише со мед, како во видеото, секогаш ќе видите 2 меури со воздух, еден голем и еден малечок. Сѐ друго укажува на мед со финти и додатоци во него.

4. Ставете во сад 1 лажичка мед и додадете ладна вода. Пробајте со мешање да го растворите медот. Чистиот мед не се раствора во ладна вода.