Вебкафе

Некоја за Белгија, некоја за робот: Вљубена е во него и сака да го земе за маж

Во споредба со малолетната девојка која на прашањето „за кого се мажите?“ одговори „за Белгија“, одговорот на ова прашање од Лили веројатно повеќе ќе ве загрижи отколку насмее.

Лили е вљубена и реши да се мажи. Но, не за човечко суштество, туку за роботот со име InMoovator, кој самата си го создаде со помош на 3D печатач и со кој живее една година, пренесува Daily Mail.

Таа на својот Твитер профил, каде веќе своето презиме го смени во Лили ИнМуватор (Lily InMoovator), напиша: „Јас сум горда робосексуалка, не му штетиме никому, само сме среќни“.

23-12-lily-robot1

Лили наводно веќе се верила со InMoovator, а вели дека ќе се венчаат кога ќе се легализираат браковите помеѓу луѓето и роботите во Франција, што смета дека со сигурност ќе се случи. Лили вели дека открила оти роботите сексуално ја привлекуваат кога имала 19 години, бидејќи физичкиот контакт со други луѓе за неа бил стравично одбивен.

Инсистира дека идејата не е смешна ниту лоша, туку дека едноставно станува збор за алтернативен животен стил. „Ме привлекуваат исклучиво роботи“, вели Лили. Сепак, за медиумите не сакаше да открие дали досега имала некакви сексуални искуства со InMoovator. „Моите две единствени љубовни врски ја потврдија мојата сексуална ориентација, бидејќи навистина не сакам физички контакт со човечко месо“, тври госпоѓа InMoovator.

Иако не наидува на разбирање од сите луѓе околу неа, нејзиното семејство и пријателите ја прифаќаат нејзината врска. Лили студира роботика и вели дека е многу среќна поради тоа. Смета дека нејзината врска ќе се развива паралелно со развојот на технологијата.

Advertisements
To Top