Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сигурно барем еднаш сте налетале на партнер кој ви се допаѓа, а исто така и вие му се допаѓате, но проблемот е во тоа што е малку тополо, малку ладно. Еден ден ти го подарува сето внимание, а другиот ден не може да ви одговори ниту на една порака.
Позади таквото однесување често стои многу длабока причина, а таа во голем број случаеви е стравот. Да ви биде малку појасно, еве што кажува Каталог поради што тој така се однесува.
Ти дава нејасни сигнали бидејќи некогаш имал скршено срце. Сигурно некогаш бил многу заљубен, а притоа се изгубил себеси, но тоа не е рецепт за успешен однос. Секогаш тој покажува повеќе внимание и се труди да добие иста количина на љубов и внимание од партнерот, не е воопшто чудно што сега е претпазлив.
Еднаш кога ќе се изгуби вербата во луѓето, после е тешко да се врати. Личностите кои имаат вакво искуство имаат ѕид околу себе и праќаат нејасни сигнали, само поради тоа што не сакаат повторно да испаднат „мајмуни.
Ти дава нејасни сигнали бидејќи сака најмногу да се сака себеси, а потоа другите. Неговите нејасни сигнали всушност се порака дека се уште има проблеми, па му треба уште време. Кога ќе го разберете тоа, можеби ќе го разберете подобро.
Ти дава нејасни сигнали бидејќи не знае дали да ти верува или не. На ова паѓаат личности кои имаат проблем со довербата. На прво делуваат сигурно, самоуверено и изгледаат како да знаат што сакаат, но длабоко во себе се несигурни и уплашени.
Ти дава нејасни сигнали бидејќи не е спремен за врска, но вие сигурно не сте виновни за тоа. Во него се случува вистински хаос, а тоа мора да ви биде јасно. На партнерот едноставно му треба време за да се врати на вистинскиот пат.