Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На први јануари, 2019 година, во вторник, монетарната валута евро полни 20 години од нејзиното официјално пуштање во оптек.
Еврото е „родено“ на 1 јануари 1999 година и во почетокот постоеше само како виртуелна валута во сметководствените и во финансиските трансакции. По три години тоа стана и реалност, а денеска кованите и хартиените пари ги користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски држави.
Во Германија го доби надимакот „Теуро”, според германскиот збор кој означува скапо. Еврото, како што наведуваат аналитичарите, денес е попопуларно од претходно и поракј јакнењето на евроскептичните, популистички движења во повеќе држави.
Испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември за Европската централна банка (ЕЦБ) покажало дека 74 отсто од граѓаните на еврозоната сметаат дека еврото било добро за Европската Унија, а 64 отсто дека било добро за нивната држава. Еврото сега е втора светска валута, зад американскиот долар чија доминација сѐ уште не може да се доведе во прашање.
Макфакс