Некои општини од 1 јануари 2018 ќе пијат поскапа вода


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од први јануари дел од граѓаните ќе пијат и поскапа вода. Регулаторна комисија сеуште ги прави пресметките. До 15 номеври треба да излезе новиот тарифник каде ќе биде утврден максимумот до кој ќе може да се движат цените. Но крајниот збор за тоа колку ќе чини водата ќе го имаат општинските совети.

Засега регулаторна не открива во кои општини ќе има зголемување, но потврдија дека многу од нив побарале поскапување. Главно тоа биле помалите општини кои со години немаат направено инвестиции.

„По ова остануваат уште 45 дена да се утврди цената. Досега има околу 75 барања од комунални претпријатија за зголемување цената на водата. Околу 80 проценти од нив работат без загуби, така што претпријатијата се обврзани со парите од цената на водата да вложуваат во усовршување на системот, а не за други давачки како што било случај досега “, велат во Регулаторна комисија.

Од први јануари новиот тарифник за вода ќе треба прво да го воведат општините со над 10 илјади жители, а од 2019 нови цени ќе добијат и помалите општини.

Во моемнтов најевтина вода или 10 денари за метар кубен плаќаат во Гевгелија, Дебар, Неготино. Во Скопје плаќаат по 17 денари, а најскапа е во Струмица, Кочани и Велес 30 денари за метар кубен.