Некои од тајландските момчиња кои заглавија во пештерата: „Сакаме да станеме нуркачи“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на младите момчиња со кои заедно заглави во пештерата во Тајланд, Екапол Чантавонг, на прашање што научил од драмата која ја преживеаја, изјави: „Ги ценам сите кои помогнаа, а следен пат ќе осигурам дека е безбедно пред да направам нешто“.

Денови пред да се случи несреќата, тој на неговиот Фејсбук профил, напишал дека ќе ја истражува пештерата неколку часа, заедно со некои од децата од фудбалскиот тим, кои никогаш не ја виделе претходно.

„Ова е мое најголемо животно искуство, кое ме научи на трпение и никогаш да не се откажувам“, рече Титан, најмладиот член на фудбалскиот тим.

По првичното покачување на нивото на водата во пештерата, поголемиот дел од тимот верувал дека ќе излезе брзо. Но, тоа се случи по 17 дена.

„Многу сум среќен што мојот син излезе жив од пештерата, и оти неговиот дух не е променет од ова искуство“, изјави таткото на 16-годишниот Најт.

Децата, кои на прес конференцијата стигнаа смеејќи се меѓу себе, ги кажуваа нивните желби за во иднина, некои од нив велејќи дека сакаат да станат нуркачи кога ќе пораснат.

По оваа драма, тајландските официјални лица размислуваат да им доделат државјанство на тренерот и на три деца од тимот, кои сега немаат таков статус.