Некои нови „вредности“: Заработува „мрсни“ пари продавајќи ги своите градници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ана Пирн вели дека ги зголемила до деформирање своите гради поради работата како танчерка и фетиш модел, а денес заработува промовирајќи ги и продавајќ ги своите користени градници и гаќи преку интернет.

Жената која на социјалните мрежи се претставува како Anna Alps, 28-годишната Англичанка од Плимут, имала само 23 години кога прв пат се подложила на зголемување на градите, а вели дека тоа го направила за потребите на нејзиното работно место како танчерка.

Но, испаднало дека во светот, особено на интернет, постојат и други начини на кои таа може да заработува. „Веројатно имам заработено околу 30.000 фунти продавајќи ги своите користени градници и долна облека“, вели таа за Daily Star.

„Обично продавам ствар – главно градници – по цена меѓу 200 и 500 фунти, но еден тип сакаше посебен градник во кој се фотографирав и за него ми плати 950 фунти“, открива Ана.

Користените градници и гаќи на фетишистите им ги продава веќе три години, а признава дека имала доста чудни барања во тој период. „Еден тип ми прати градник од неговата жена и бараше од мене да го носам цел ден. Не го направив тоа, делумно бидејќи не ми одговараше големината, но и бидејќи ми беше малку чудно сето тоа“.

Ана добива големо јавно внимание поради големината на нејзините вештачки гради. Од последната операција која ја направи минатата година, таа тврди дека веќе има проблеми да управува со автомобилот, па сега го продава своето возило.

Своите гради ги има зголемено вкупно шест пати, а благодарениа на нив популарна е и на Твитер, каде има над 57.000 следбеници.