Некогашната најдобра југословенска и светска ракометарка се омажи за 23 години помлад криминалец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светлана Цеца Китиќ, бивша сопруга на Блажа Слишковиќ и некогашна најдобра ракометарка на бивша Југославија и во цел свет, по петти пат застана на олтарот и го кажа судбоносното „да“, пренесува avaz.ba.

Нејзин нов избраник е Дејан Вучковиќ, кој од неа е помлад 23 години, а во врска се нешто повеќе од месец дена. Вучковиќ на новинарите од avaz.ba им изјави дека после издржувањето на затворската казна се смирил и дека му биле сосема доволни 43 дена за да знае дека Светлана е жена на неговиот живот.

Дејан Вучковиќ, викан Супербеба, е често име на насловните страни од црната хроника, бидејќи е познат по кражбите на автомобили и затворските казни, а во затвор ослабен неверојатни 140 килграми.

Зад Цеце Китиќ има бурно љубовно минато. Зад себе има четири брака од кои секако највпечатлив беше оној со фудбалската икона на Хајдук, Блажа Слишковиќ, за кого се омажи во 1980 година. За нивната свадба зборуваше цела Југославија, но бракот немаше долг век бидејќи се разведоа после само 4 месеци заеднички живот.