Некогаш тајна база, денес град на духови: Ова место ја држеше на нишан половина Америка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Градот Гудим е еден од тајните советски градови кои останаа во целост напуштени по распадот на Советскиот Сојуз, а некогаш служеше за складиште на нуклеарно оружје.

Денес ова место е само обична точка на мапите, а повремено го посетуваат само љубители на историјата и понекој љубопитен патник намерник.

Службеното име на градот беше Анадир-1, но луѓето го викаа Гудим, бидејќи така се презиваше полковникот задолжен за изградба на тоа место. Кога беше завршена градбата, полковинкот, од непознати причини, изврши самоубиство.

Гудим е познат и под името Магадан-11, а се наоѓа на Чукотскиот полуостров на рускиот Далечен исток. Денес во него практично нема ништо, само напуштени згради.

Во средиштето на Гудим се наоѓа длабока цементирана дупка во која некогаш се складирало нуклеарно оружје, а во блиските куќи живееле семејствата на луѓето кои работеле во тој подземен комплекс.

Таму со години биле стационирани ракети RSD-10 „Pionir“, спремни за употреба во секој момент. Овие балистички ракети со среден домет имале нуклеарни боеви глави и можеле да стигнат до Алјаска, Вашингтон, Калифорнија и некои делови од Јужна Дакота. Меѓутоа, нивна главна мета била Китсап, воено-поморска база во близина на Сиетл, трета по големина во Америка.

Војниците кои со своите семејства живееле во неповолните услови на Камчатка добивале солидни плати, а продавниците во Гудим биле одлично снабдени со стока дури и во кризни времиња.

Објектите кои се распоредени околу самиот град, го штителе местото од евентуални напади, а базата е затворена во 1987 година, кога е донесена Спогодба за уништување на нуклеарното оружје.

Војската во целост го напушти градот во 2002 година, а останатите жители се преселија во градовите Саратов и Енгелс, на западот од Русија.