Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пејачката призна дека порано давала крв за да заработи пари за храна, со оглед на тоа дека нејзиното семејство не можело да го плати образованието за неа. Поради тие денови во кои живеела сиромашно, таа и денес е внимателна со трошењето пари.
39-годишната славна пејачка Никол Шерцингер, која денес многумина ја сметаат за најатрактивната жена на светот, откри дека во текот на студирањето работела различни работи, од продавање шминка на штанд, до пеење опера во италијански ресторани, пренесува Economic Times.
„Најсиромашна бев во текот на студиите. Давав крв само за да се доберам до некоја пара“, признава Шерцингер. Најчест оброк кој тогаш го јадела биле палачинки со вода, бидејќи биле евтини и заситувале.
„Многу го сакам моето семејство, но никогаш не сум имала некој кој би ми купил автомобил или би ми платил часови по пеење или танц. Сè постигнав сама, само со својот труд и работа“, објаснува таа, додавајќи дека поради тоа и денес е внимателна со парите. „Никогаш и ништо не земам здраво за готово“, заклучува пејачката.