Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на Милан и некогаш најдобриот фудбалер во светот конечно успеа да победи на претседателските избори.
Жорж Веа ја испиша историјата како првиот Африканец кој станал најдобар фудбалер на планетата, а денес стана првиот фудбалер кој станал претседател на својата земја откако победи на претседателските избори во Либерија! Иако изборната комисија сеуште не ги потврдила официјалните резултати, медиумите од оваа земја пренесуваат дека Веа има недостижна предност.
Славниот фудбалер во политиката се впушти веднаш по завршувањето на карерата. Во својата земја каде што имаше војна тој водеше многу хуманитарни мисии, потоа основа своја странка и во 2005 година се кандидираше на претседателските избори. Иако победи во првиот круг, во вториот беше поразен од Елен Џонсон Сирлиф кој владееше се до денес. На Веа во текот на таа кандидатура најмногу му се замеруваше поради недостатокот на академско образование и неискуството во политиката. Потоа во 2011 година повторно беше канидат, но повторно беше поразен Сирлиф.
Конечно, долгата политичка борба денес се исплатеше. Додека се чека официјалната потврда на резултатите до Веа стигнуваат честитки од сите страни на светот. Му честитаа поранешните соиграчи Марсел Десаи и Паоло Малдини, но се огласи и човекот кој го откри во Монако, Арсен Венгер.
„Сакам на мојот поранешен играч Жорж Веа да му посакам многу среќа откако стана претседател на Либерија. Се надевам дека и како претседател ќе го има истиот ентузијазам кој го имаше и како фудбалер“, порача Венгер.