Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На 100 километри од некогаш едно од најсолените езера, во автономната земја Каракалпакстан која се наоѓа во Узбекистан, рибарски бродови се закотвени како во сцена од филм – во жежок пустински песок.
Областа Мојнак, некогаш била најголемиот извор за рибарскиот занает, на доковите на Аралското Езеро. Сега, водата речиси ја нема воопшто а местото изгледа како да е отсечено од светот.
Аралското Езеро своевремено важеше за четвртото најсолено езеро во светот кое се простирало на 34.000 квадратни километри – од северниот дел на Казахстан до јужниот дел на Узбекистан.
Но во 60-тите години поделен е протокот на двете реки кои го полнеле езерото за производство на памук, а тогаш паралелно се намалувало нивото на водата, додека нивото на сол се зголемувало, убивајќи го живиот свет кој останал во водите. Но езерото денеска е само 10 отсто од првичната своја форма.
Според проценките, 18.000 луѓе се останати да живеат во Мојнак, додека над 100.000 заминале во Русија или Казахстан.
„Нема што да се прави овде. Ако сте млад мора да заминете. Иронично, повеќето од луѓето кои се уште живеат овде работат многу за мали плати во индустријата со памук, истата која го уптопасти ова место“, вели младиот Мирбек во приказната која ја објави BBC.
Денес ова место е населено главно од постари луѓе кои ги чуваат своите внуци додека нивните родители заминале на печалба, како и работници во фабриките за памук.
Здравствените проблеми исто така се во пораст поради токсичните пестициди кои се користат за обранотка на памукот, а кои го загадуваат воздухот, предизвикувајќи рак, респираторни проблеми и неправилности во имунитетот. Стапката на рак на хранопроводот овде е 25 пати поголема од просечната во светот.
По сушата на езерото и климатските промени се особено дисторзирани. Жителите на Мојнак живеат на екстермно високи температури за време на летото, кои достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, и на екстремно ниски за време на зима, до -40 степени.