Advertisements
Славни

Некако не ѝ оди во брачните води: Пропадна и вториот брак на Скарлет Јохансон?

Се свршија пред три години, а недолго по раѓањето на нивната ќерка, славната актерка и новинарот се венчаа. Претходно, Скарлет Јохансон беше три години во брак со актерот Рајан Рејнолдс.

32–годишната Скарлет Јохансон вчера во јавноста се појавила без венчалниот прстен. Иако новинарот Ромен Дауријак (28) се појавил со актерката на отварањето на нејзината продавница во октомври, извори тврдат дека парот се разделил уште летото.

„Скарлет беше таа која го иницираше разделувањето. Тоа беше нејзина одлука, а нејзиното објаснување е дека немаат многу заеднички работи“, рекол изворот.

Тие се вљубиле пред четири години и се свршија само неколку месеци по тоа. Набрзо по раѓањето на ќеркичката Роуз Дороти (2), парот се венча. Скарлет претходно беше три години во брак со Рајан Рејнолдс (40), а изјави дека бракот ѝ ја убил амбициозноста.

Scarlett Johansson engaged with Romain Dauriac

„Љубовта често трпи поради работата, особено ако партнерот ви е од истата професија и ако и двајцата сте кариеристи“, изјави славната актерка минатата година.

Advertisements
To Top