Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Го викаат „иранскиот Халк“ и типот е со најсериозни намери да влезе во ММА светот на бруталните тепачки.
Иранскиот „горостас“ Сајад Гариби тежи 154 килограми и е професионален кревач на товар кој на социјалните мрежи официјално го најави своето деби во ММА спортот. Тој следната година ќе дебитира во рингот, а првата борба ќе му биде против бразилски противник чие име засега не е откриено, пренесуваат медиумите кои ги следат случувањата во светот на ММА борбите.
View this post on Instagram
Точните детали за иницијалната борба на иранскиот Халк, како датум, промоција и идентитетот на противникот, допрва треба да се објават, но како што вели овој мускулест џин, „тој е спремен за тоа што доаѓа“.
„Конечно ја прифатив својата прва професионална борба“, напиша Гариби на Инстаграм. „Спремен сум за предизвикот“, додаде оваа грамада од човек, кој минатата година предизвика медиумска бура кога медиумите пишуваа дека треба да се бори против „најстрашниот човек на планетата“, Мартин Форд.
View this post on Instagram
Меѓутоа, неговиот влез во мешаните боречки вештини не е баш уникатен, ниту едноставен потег. Бившиот петкратен „најсилен човек на светот“, Мариуш Пудзиановски, во ММА влезе во 2009 година, а во следните десет години оствари респектибилен резултат во спортот, борејќи се со бившиот УФЦ првак, Тим Силвиа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Гариби последниве години стана позната фаца на интернет благодарение на константното објавување фотографии кои ја прикажуваат неговата масивна телесна градба.
Бројот на неговите Инстаграм пријатели порасна на речиси 450.000 во последните две години. Во едно интервју од 2016 отворено се стави на располагање на својата татковина во борба против терористичкото зло ИСИС.
View this post on Instagram
„Секогаш ќе бидам војник на својата земја. За две до три годнини искрено се надевам дека ќе бидам во вистинска, оптимална форма за да служам на својата татковина“, изјави тој.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram