Нејзиниот син е технолошки милијардер, а таа на 70 години е една од најбараните манекенки


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кој е Елон Маск веројатно сите добро знаете, но сигурно не знае(в)те која е неговата мајка. Нејзиното име е Маје Маск, а иако е на прагот на 70-та година, и понатаму важи за многу барана манекенка. Со таа работа се занимава веќе 50 години, а модниот свет и денес се воодушевува од нејзиниот изглед.

A post shared by Maye Musk (@mayemusk) on

Маје е родена во 1948 година во Канада, а набрзо со родителите се преселила во Јужноафриканската Република, каде на 21 година била прогласена за Мис на таа земја. Една година подоцна се омажи за јужноафриканскиот инженер Ерол Мас, кому му роди три деца – синовите Елон и Кимбал и ќерката Тоска Маск.

A post shared by Maye Musk (@mayemusk) on

Ги гледаше децата, се занимаваше со манекенство и студираше нутриционизам на универзитетот Orange Free State во Јужноафриканската Република и Торонто во Канада, па не е чудно како нејзините деца денес се успешни бизнисмени и уметници, и од каде ги стекнале своите неверојатни работни навики.

Елон Маск е најпознат од сите нив и еден од најбогатите луѓе на светот, а се прослави со Tesla Motors и Space X. Кимбал соработува со него во тие компании и е сопственик на неколку ресторани. Нивната сестра Тоска е режисерка, а нејзиниот филм A Holiday Engagement беше еден од најгледаните на каналот Hallmark.

A post shared by Maye Musk (@mayemusk) on

Маје пред неколку дена се појави на насловната страна од списанието D4, сними едиторијал за корејското издание на Vogue, а голем број списанија редовно пишуваат за неа.

A post shared by Maye Musk (@mayemusk) on

„Убавина е интелигенцијата, насмевката, среќата, кога ти е грижа за драгите луѓе и кога си одговорен. Ако имате прекрасен модел кој не говори ништо и е несреќен, убавината исчезнува. За мене убавината е во оние кои можат да водат интелигентен разговор, кои се забавни и имаат смисла за хумор“, вели таа за ID списанието.