Нејзиниот лик руши рекорди каде и да се појави – овој пат тоа им го „направи“ на Elle


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Списанието Elle регистрираше рекордна продажба во последните десет години на бројот што беше посветен на сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Бриџит Макрон.

Бројот излезе на 18 август и од него се продадоа 530.000 примероци.

Во интервјуто, што беше испишано на 10 страници, правата дама на Франција открива детали за нејзините први чекори во Елисејската палата.

Тоа беше првото интервју на Бриџит, откако нејзиниот сопруг стапи на должност.