Нејзината последна желба е исполнета: Се венча во венчаница и почина следниот ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хедер Мошер боледуваше од агресивен рак на дојката и два дена пред католички Божиќ ја загуби битката со стравичната болест. Сепак, непосредно пред да почине, беше исполнета нејзината последна и животна желба.

Несреќната Хедер, храбро како лавица, се бореше со ракот, а кога дојде крајот на нејзиното патешествие, го кажа најголемото „да“ во нејзиниот, но и во сечиј друг човечки живот, во болничката црковна капела.

Хедер за својата венчавка облече венчаница и се дотера како и секоја друга невеста, а фотографијата која се појави на Фејсбук ги скриши срцата на илјадници корисници на социјалната мрежа.

Нејзините пријатели велат дека до последен здив имала огромна волја за живот. Обожавала да пее и да танцува, па одела на забава и се журкала со своите пријатели. Против болеста се борела со хумор и фантазија за тоа да се омажи за својот вереник. Дејв и Хедер се венчаа на 22 декември, а таа почина еден ден подоцна.