Home Спорт Нејмар сепак победи: Кавани заминува во спектакуларен трансфер

Нејмар сепак победи: Кавани заминува во спектакуларен трансфер

Атлетико Мадрид и Челзи се блиску до договор за трансфер на Диего Коста. „Јорганџиите“ ќе го добијат напаѓачот во јануари на позајмица, а следното лето ќе го откупат за 40 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Медиумите тврдат дека „сините“ веќе работат на неговата замена, а прво име е Едисон Кавани од ПСЖ. Уругваецот влезе во расправија со Нејмар овој викенд, а француските медиуми веднаш почнаа да пишуваат дека може да го напушти Париз уште во јануари.

Сепак, Челзи не е единствениот клуб кој е заинтересиран за Кавани. „Сините“ ќе имаат жестока конкуренција за неговиот потпис, но веќе спремиле огромна понуда за јануари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…