Нејмар повторно ја тужи Барселона, овој пат за…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големата ѕвезда на Пари Сент Жермен, Нејмар, кој цело лето правеше се што е можно да се врати во Барселона, отворил ново обвинение против својот бивши клуб.

Според „Мундо Депортиво“ овој пат Бразилецот тврди дека Барселона не му усплатила плати во висина од 3,5 милиони евра за последната година од неговиот престој на „Камп Ноу“. Покрај тоа Нејмар тврди дека клубот „дејствувал несовесно“ против него после одлуката да го напушти клубот во 2017 година.

Според весникот, Нејмар тврди дека од Барселона му ветиле дека ќе му ја исплатат сумата од 3,5 милиони евра, но не го сториле тоа.

Нејмар веќе води едно дело против Барселона, а тоа е за неисплатен бонус за лојалност, па Бразилецот од Каталонците бара 43,6 милиони евра.