Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Враќањето на Нејмар во Барселона изгледа се поверојатно, после информациите дека ѕвездата на ПСЖ веќе постигнал договор за 5-годишна соработка со каталонскиот клуб.
Наводно преговорите помеѓу двата клуба се започнати со медијатори, па сега претстои потешкиот дел – Барса да го убеди Пари Сент Жермен да ја продаде својата ѕвезда.
Денешното издание на каталонските весници „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ пишуваат дека Нејмар ќе го запази молкот на оваа тема се до 8-ми јули. Тоа е денот кога ќе започнат подготовките за новата сезона во ПСЖ.
Доколку до тој момент нема договор за неговиот трансфер на „Камп Ноу“, Бразилецот јавно ќе ја изрази желбата за враќање во Барселона.
Од една страна Нејмар во моментов не сака да „крева прашина“, а од друга страна му дава рок на претседателот на ПСЖ, Насер Ел Келаифи да ја исполни неговата желба за која веќе го информирал.
Меѓутоа, двете страни во моментов не се ни блуску до договор, бидејќи Барса нуди 100 милиони евра плус Кутињо, а ПСЖ бара 250 милиони евра за слободата на Нејмар.