Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последно време се погласни се шпекулациите за евентуален трансфер на Нејмар, кој не е среќен во Пари Сент Жермен.
Најпрво се споменуваше негово враќање во Барселона, а сега е актуелен неговиот трансфер во Премиер лигата каде најголем интерес покажува Манчестер Сити.
Француските медиуми тврдат дека ПСЖ нема да му стои на патот ова лето и ќе му дозволи на Нејмар да замине доколку некој клуб понуди 200 милиони евра.
Притоа, „светците“ веќе пронашле замена и се спремни се да испратат понуда од 150 милиони евра за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Сепак, трансферот на Гризман на „Паркот на Принцовите“ е можен и доколку Нејмар остане во тимот, бидејќи се поизвесно е дека Кавани ќе го напушти Париз на крајот на сезоната.
„Светците“ сакаат да направат напаѓачко трио Нејмар – Гризман – Мбапе и нема да жалат пари за да го донесат Французинот во своите редови.