НЕЈМАР ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оди на операција, важен му е Мундијалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако стана јасно дека Нејмар има фрактура на стапалото, најскапиот фудбалер на светот донесе одлука да оди на операција, поради која ќе биде надвор од терените цели два месеци.

Оваа информација најпрво ја објавија бразилските медиуми, а тоа истата беше потврдена и од француските и шпанските медиуми.

Нејмар има мала фрактура на петата метатарзална коска на стапалото, постоеше можност да стисне заби и да настапи на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите но да ризикува посериозна повреда и подолга пауза.

Меѓутоа, Бразилецот не сака да го ризикува настапот на Мундијалот, што е негов врвен приоритет и одлучи да оди на операција, која ќе го оддели од терените цели два месеци.

Конзервативното лечење на повредата исто така може да доведе до компикации, а за Нејмар е незамисливо да го пропушти Светското првенство.