Нејмар дојде со хеликоптер на припреми, но го доечка непријатно изненадување!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата од Бразил наскоро започнува припреми за Копа Америка, натпреварување кое се игра наредниот месец.

Копа Америка секогаш ни нуди многу возбудувања. Сигурно тоа ќе биде така и овој пат, а главни фаворит за освојување на трофејот се Бразил, Аргентина, Уругвај и Чиле.

Бразилците конечно сакаат да го освојат овој трофеј, а вчера се собраа за да ги започнат припремите.

Секако, главна ѕвезда кај „кариоките“ е Нејмар кој на припреми пристигна со хеликоптер, но веднаш ги дочека непријатно изненадување.

Имено, селекторот Тите донесе одлука која изненади многумина и му ја одзеде капитенската трака на Нејмар.

Се очекуваше капитенската лента да остане кај Нејмар по Мундијалот, но селекторот одлучи нов капитен да биде Дани Алвеш.